Шкупи има тешка мисија во Скопје, да надополни два гола негатива против Шамрок

by
1 минути читање

Шкупи на првиот натпревар го прими третиот гол во 97. минута и тоа го направи впечатокот понеповолен, а мисијата во Скопје значително потешка.

Тогаш како оправдание може да послужи и долгиот пат кој го поминаа кога слетаа на 300 километри од Даблин, па неколку часа со автобус мораа да се возат до ирската метропола.

Шкупи денеска ќе ги има своите навивачи како ветар во грб, а тренерот Гоце Седлоски е оптимист дека можат да бидат конечниот победник.

„Мора да тргнеме од почеток, нормално е да сме внимателни и во одбраната, но нѐ чека квалитетен противник. И самите гледате дека ирските тимови одат во следната фаза. Ние ќе се обидеме со помош и на навивачите да дојдеме до резултат кој нѐ носи понатаму. Ќе дадеме сѐ од себе, но многу ќе зависи и како ќе се постави Шамрок“, вели Седлоски.

Доколку Шкупи успее да го помине Шамрок, ќе се пласира во плејофот од Лига Европа, а тоа ќе значи и дека веќе ќе има загарантиран настап во групната фаза од Конференциската лига. 

Поразените екипи во плејофот од Лига Европа одат во групната фаза од Конференциската лига.

Доколку Шкупи денеска не успее да го помине Шамрок, тогаш ќе игра во плејфот за влез во групната фаза од Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×