79
„Работнички потпиша професионален договор со големиот талент Никола Манојлов. Тој во текот на летните подготовки веќе се наметна кај шефот на стручниот штаб Љупчо Марковски и се очекува да игра значајна улога во тимот во новата сезона“, стои во соопштението на клубот.
Манојлов вели дека му е чест што добил договор од Работнички.
„Чест ми е што потпишав договор со Работнички. Верувам дека со напорна работа ќе се наметнам кај тренерот Љупчо Марковски и се надевам дека ќе дадам свој придонес во една успешна сезона за тимот“, вели Никола Манојлов.
Манојлов располага со одличен дриблинг и неверојатен сенс да се најде на вистинско место во вистинско време и да постигне гол.