75
Фенербахче вчера
во вечерните часови го промовираше Езгјан Алиоски како ново засилување,
Македонецот утрово го одработи првиот тренинг со новиот клуб.
Тој сепак ќе
почека за деби во дресот на „жолтите канаринци“, Жорж Жесус откри дека левиот
бек нема да биде од натпреварот против Словачко во квалификациите од Лига
Европа.
„Алиоски денеска
му се приклучи на тимот. Со претходниот клуб одработи две недели подготовки но
не е подготвен за настап. Утре нема да игра против Словачко“ – рече тренерот на
Фенербахче.