69
Ренова со писмо ја информираше Фудбалската федерација на Македонија дека нема да се натпреварува во новата сезона.
Уште од пред два месеци имаше шпекулации дека „гипсарите“ нема да играат, сега тоа е и официјално.
Ренова во 2010 година беше шампион на Македонија, а две години подоцна го освои Купот на Македонија. Седумпати ја претставуваше нашата земја во европските натпреварувања.
Поради неиграњето на Ренова, во секое коло од новата сезона ќе има по еден тим кој ќе биде слободен.