Шкендија со 2-1 ќе го почне утрешниот меч против Валмиера, но Шаќири не сака ниту мало опуштање па вели дека утре ќе почнат како да немаат предност.
„Без оглед на победата на првиот меч, максимално подготвени ќе влеземе утре и почнуваме од 0-0. Нема теорија да се потпреме на тоа што се случуваше пред една недела. Нема ништо лесно, но ние ќе покажеме дека заслужено победивме и на првиот меч. Одиме да ја потврдиме победата и дома“, вели Шаќири.
„Шкендија е екипа која сака да игра фудбал и да дава голови. Сакаме да играме фудбал на секој меч, а бараме со соработниците да се постави игра која ќе биде препознатлива. Утре да внимаваме на нивните напаѓачи, кои се многу брзи и на првиот меч не без ефикасни“.
И фудбалерот од средниот ред, Бруно Дита се сложува со неговиот тренер дека мора да бидат претпазливи.
„Имаме позитивен резултат од Летонија, ама видовме дека и Валмиера е екипа која прави многу шанси и ги анализиравме дополнително, затоа мора да сме претпазливи. Ни треба верба, малку среќа и поддршка од навивачите за пласман во трето коло“, вели Дита.