66
На официјалната страна на Динамо Загреб, осамна сторијата за скопјанецот Горан Адамовски кој е голем фан на Динамо Загреб.
Денеска тој се дружеше со фудбалерите на Динамо Загреб во хотелот каде што се сместени пред дуелот со Шкупи. Се запозна со Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а доби и дрес со сите потписи на фудбалерите.
Горан првпат на Максимир бил во 1998. година кога Динамо играл против Селтик, отогаш се заљубил во хрватскиот клуб и често одел да го гледа. Патувал и по 15 часа од Скопје до Загреб за само да биде присутен на натпревар. Има и тетоважа од клубот.
По денешната дружба со фудбалерите, Горан рекол: „Сега можам и да умрам“.