73
Шкендија продолжува со одличните игри во Европа оваа сезона, денеска тие беа подобри на гостински терен кај летонскиот тим Валмиера.
Тренерот Артим Шаќири жали што не победиле и поубедливо иако вели дека целта е остварена.
„Се подготвивме добро бидејќи очекувавме тежок натпревар. Дојдовме до тоа што го посакувавме, но да не заборавиме дека и противникот ни создаваше потешкотии. Креиравме многу шанси, можевме да дадеме четири или пет голови со кои ќе ни беше поудобно во раваншот. Но таков е фудбалот, тоа го прави уште поубав. Ништо не е завршено, ќе се подготвиме добро и за раваншот, имаме уште 90 минути во Скопје“, изјави Шаќири.