Динамо Загреб е голем фаворит во оваа пресметка, но Шкупи предводен од Гоце Седлоски ќе се обиде да им го загорчи животот на загрепчани.
Целта е вечерва да се дојде до добар резултат кој ќе допринесе да има што е можно повеќе публика на реваншот во Скопје.
Македонија има свои претставници и во Динамо Загреб во репрезентативците Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои се очекува вечерва да бидат стартери.
„Секако дека од Динамо имам убави сеќавања како поранешен тренер, но сега сум од спротивната страна и велам дека нема лесно да се предадеме. Од она што можев да го видам, Динамо игра отворен фудбал па затоа мораме да бидеме внимателни, ќе го дадеме најдоброто од себе во текот на целиот натпревар за да стигнеме до позитивен резултат“, изјави Седлоски на денешната прес-конференција.
И покрај тоа што се работи за атрактивен противник, денешниот меч на Шкупи нема да го пренесува ниту една телевизија.