73
Тажна информација од македонскиот фудбал, почина Ѓорѓе Џонов, поранешен играч на Силекс, Металург, Беласица и Кожув.
Тој водеше долга битка со рак на белите дробови, му беа потребни големи финансиски средства за третман и операција во Турција. А во акцијата за собирање на пари беа вклучени и клубови и фудбалери.
За жал денеска стигна информација дека Ѓорѓе Џонов ја загубил битката со ракот и починал.