80
Доколку Шкендија ја победи екипата на Валмеира ќе игра со подобриот од дуелот меѓу АИК Стокхолм и Ворскла Полтава.
Шкендија би ја имала улогата на гостин на првиот меч, а реваншот би се играл дома.
Македонија Ѓорче Петров ако ја помине ЦСКА Софија, ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Сент Патрикс Атлетик и Мура.
Во тој евентуален дуел нашиот тим би бил домаќин на првиот меч, а реваншот би се играл во Ирска или Словенија.
Првите натпревари од третото квалификациско коло во Конференциската лига се играат на 4 август, реваншите се седум дена подоцна.