74
Чаирчани стартуваа до последен момент, а Седлоски вели дека тоа бил највозбудливиот меч во неговата кариера.
„Ова беше највозбудливиот натпревар во мојата играчка и тренерска кариера. Имавме голема предност, но знаев дека ќе биде тешко со оглед на некои проблеми што ни се случија. Им честитам на моите фудбалери за покажаниот карактер и храброст на теренот. Противникот постигна головите по наши грешки. Секогаш е тешко да се игра против ривали за кои сите мислат дека се лесни, бидејќи знаат да направат многу проблеми. Задоволен сум што поминавме понатаму и сакам да продолжиме напорно да работиме за да ги исполниме нашите цели“, изјави Седлоски.