Шкупи го преживеа гостувањето на Гибралтар и закажа дуел со Динамо Загреб (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Шкупи го преживеа гостувањето на Гибралтар, избраниците на Гоце Седлоски не се снајдоа на вештачката трева и малку фалеше Линколн да приреди изненадување.

Домаќините поведоа со 1-0 по половина час игра, Наумовски го одбрани ударот на Нано, но Хуанфри од втора ја затресе мрежата.

Во 69. минута нова радост за Линколн, Каскиаро прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 2-0.

Шкупи сепак успеа да се одбрани во финишот, па на крајот поразот нема да боли и победата од 3-0 во Скопје беше доволна за пласман во второто коло од квалификациите во Лигата на шампиони и пресметка со Динамо Загреб.

Фото: ФК Линколн

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани