74
Македонскиот претставник во Конференциската лига, Шкендија со одлична предност од 2-0 ќе патува на реваншот во Ерменија.
Победата беше обезбедена уште во првото полувреме.
Течеше 21. минута кога по асистенција на Дориев, Шала постигна гол за водство на Шкендија од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме, Дориев додаде до Нафиу кој постигна прекрасен гол за конечни 2-0.
Реваншот е за седум дена, а победникот од овој дуел ќе игра со Валмеира од Летонија.