163
Јован Манев ја напушти Брегалница Штип и се сели во Турција, Македонецот потпиша за Адана Демирспор, клуб кој е предводен од Винченцо Монтела и во кој настапува Марио Балотели.
Шпекулациите велат дека Адана Демирспор за услугите на Јован Манев ќе плати околу 500.000 евра.
Се очекува во скоро време да пристигне и офцијална потврда за трансферот на талентираниот дефанзивец.