502
Гостивар со големи амбиции влегува во наредната сезона, целта е пласман во Првата лига, а некои информации велат дека тие би можеле да го заземат местото на Ренова и уште сега да станат прволигаш.
За таква информација се чека потврда од ФФМ, а во меѓувреме Гостивар се засилува со нови имиња со кои треба да создаде силен тим за македонски услови.
Клубот ги промовираше и дресовите за следната сезона, на предната страна на сите три гарнитури стои дух, а мотото на тимот е „Не се плаши од духови, плаши се од Гостивар“.


