185
Ова беше четврти меч за Шкендија и прв пораз. Претходно го победија Марибор со 1-0, одигра реми со Ференцварош 1-1 и со Зрињски 3-3. Денешниот натпревар беше последен пред европските обврски во квалификациите од Конференциската лига.
На овој меч за Динамо Загреб, Аријан Адеми играше во првото полувреме, а Стефан Ристовски во второто.
Динамо Загреб дојде во водство со гол на Дрмиќ во 16. минута, по девет минути игра во вториот дел Андриќ зголеми на 2-0, а на девет минути до крајот Петковиќ ги постави конечните 3-0 за хрватскиот тим.
Поразот за Шкендија можеше да биде и повисок, Динамо Загреб доминираше во текот на целиот меч.