171
Работнички синоќа ги почна подготовките за новата сезона, а клубот во истиот ден промовираше и две нови засилувања.
Иво Јанакиевски е фудбалер за врска кој доаѓа од Скопје, што значи дека многу добро го познава новиот тренер на Работнички, Љупчо Марковски.
Јанакиевски имаше одлична сезона во дресот на ФК Скопје, а претходно во кариерата има настапувано и за Македонија ЃП, Борец, Љубанци, Тиквеш, Металург, Тетекс, Силекс и за Скопје.

Филип Бошковски е 21-годишен десен бек кој по потреба може да игра и на левата бековска позиција. Тој во Работнички доаѓа од Пелистер.