Барди ќе остане во Шпанија, само ќе го промени клубот

by
0 минути читање

Откако Леванте испадна од Ла Лига, извесно е дека Енис Барди ќе ја промени фудбалската средина. Тој е фудбалерот од чија продажба можат да земат пари за да покријат дел од финансиската дупка.

Алмерија подолго време се поврзува со Барди, а шпанските медиуми сега пренесуваат дека тие наводно се согласиле да платат шест милиони евра за да го добијат македонскиот фудбалер од Леванте.

Барди наводно е согласен да потпише договор со новиот член на Ла Лига, па се очекува во наредните денови трансферот да се реализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×