Официјално: Чешмеџиев е нов фудбалер на Славија Софија

by
0 минути читање

Чешмеџиев во бугарскиот клуб оди како слободен играч откако му заврши договорот со Шкупи.

Чешмеџиев кој игра како дефанзивец, а може да игра и во средниот ред, во минатата сезона одигра 27 натпревари за Шкупи во ПМФЛ, имаше еден гол и една асистенција.

Тој претходно играше и за Шкендија, Македонија ЃП и Академија Пандев, а во странство настапуваше за Вележ од Босна и Херцеговина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×