354
Академија Пандев не е носител во ждрепката, па за противници може да ги добие Динамо Тбилиси од Грузија, Алашкерт од Ерменија, Дрита од Косово, Лехија Гдањск од Полска и Мислами Орхеи од Молдавија.

Шкендија е носител во својата група, тие за противници ќе добијат некој од Сабутрало од Грузија, Флоријана од Малта, Арарат Ереван од Ерменија, Тузла сити од БиХ и Дечиќ од Црна Гора.

Нашиот трет претставник во Конференциската лига, Македонија Ѓорче Петров како победник во купот ќе го скокне првото квалификациско коло.