Вардар им се заблагодари на десет фудбалери

by
1 минути читање

Вардар излезе со соопштение во кое им се заблагодари на повеќе свои играчи и објави дека со нив ја прекинува соработката.

„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона. 

На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери“, стои во соопштението на Вардар.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×