Серафимов: Мака ни е за поразот од Грузија, но верувам дека можеме до првото место

by
1 минути читање

Никола Серафимов дебитираше за Македонија во овој циклус, ги одигра двата меча против Гибралтар и одлично си ја заврши работата покажувајќи дека имаме иднина на стоперската позиција.

Ремито на Бугарија со Грузија ја остави Македонија во игра, но потребно е во Тбилиси да победиме со 4-0.

„Одигравме еден навистина добар меч, работата си ја завршивме во првото полувреме, а тоа беше целта и замислата за да се сочуваат силите на дел од фудбалерите, зашто некои одиграа и по три меча во континуитет. Така да, во вториот дел добија шанса и останатите и им честитам на тие што дебитираа во македонскиот дрес“, вели Серафимов.

„Добро е што остануваме во игра, штета и мака ни е на сите што дозволивме да изгубиме еден таков меч на Арената со Грузија, но што е тоа е, одиме понатаму. Селекторот потенцира дека е најважно да останеме како тим, тоа го покажавме денеска и ќе растеме од циклус во циклус. Јас верувам дека можеме да стигнеме до тоа прво место“.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×