Миовски: Да се постигне гол за националниот тим е најубаво чувство

by
1 минути читање

Само две минути откако го даде својот деби гол за репрезентацијата, Миовски погоди уште еднаш. Постигна два гола за две минути.

„Го почнавме добро дуелот и дадовме гол во третата минута, по што сè беше лесно за нас. Постигнавме четири гола за 30 минути, а во второто полувреме се случија повеќе измени и падна нашата игра. Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство кое може да го почуствува некој фудбалер. Среќен сум што дадов два гола, но повеќе сум среќен за победата. Додека има математички шанси, веруваме и ќе дадеме сè од себе против Бугарија и Грузија“, изјави Миовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×