Официјални состави: Милевски направи повеќе измени за мечот со Гибралтар

by
0 минути читање

Селекторот Милевски направи повеќе измени, ја промени целата дефанзива, но во стартниот тим останаа најголемите ѕвезди, Барди и Елмас, тука е и Алиоски кој за овојмеч доби друга улога, ќе игра офанзивно како лево крилен напаѓач.

На голот е Дамјан Шишковски, стопери се Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, десен бек е Тодор Тодоровски, а лев е Кире Ристевски.

Во средината се Николов, Барди и Елмас, странично ќе напаѓаат Чурлинов и Алиоски, а првпат од првата минута ќе игра напаѓачот Миовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×