236
Македонија утре од 18 часот го пречекува Гибралтар во рамките од четвртото коло во Лигата на нации. Селекторот Милевски вели дека многу од играчите се исцрпени, а Трајковски нема да настапи поради повреда.
„Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елмас е под знак прашалник, имаме неколку играчи кои исто така се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Етеми, тој може да дебитира на овој дуел“, изјави селекторот Милевски.
Фото: ФФМ