Официјално: Срѓан Захариевски останува тренер на Струга ТЛ

by
0 минути читање

„Струга ТЛ го продолжи договорот со тренерот Срѓан Захариевски за уште една сезона“, соопшти клубот.

Захариевски е тренер на Струга од 12 март 2020 година. Тој на Стружани им го донесе најголемиот успех, настап во Европа.

Срѓан Захариевски досега ја водеше Струга на 68 натпревари, има 27 победи, 24 нерешени и 17 порази.

Од Струга велат дека целта за следната сезона е излез во Европа, а клубот наскоро ќе информира за нови засилувања, но и за продолжување на договорите со дел од актуелните играчи на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×