Милевски: Нема што да им замерам на фудбалерите, ова е нашиот максимум

by
1 минути читање

Македонија со убедливи 3-0 беше поразена од Грузија во Скопје. Нашата репрезентација речиси и да не создаде сериозна шанса кон противничкиот гол.

Селекторот Милевски е задоволен од 50 минути, а за останатиот дел од мечот смета дека до израз дошла подобрата сила на Грузијците.

„Им честитам на Грузијците, добар меч одиграа, но кога ќе загубиш вака тешко е да се најде причината за поразот. Три лоши реакции, иако со еден ваков противник да конторлираш игра повеќе од 50 минути е нешто што многу сум задоволен. Но, после вториот гол паднавме и физички. Грузија е физички над нас. Нема што да им замерам на момците за тоа што во моментов го дадоа, а тоа е тоа што го видовме на терен. Ова е нашиот максимум во моментов. Жал ми е што кога доминиравме не дадовме гол или голови повеќе“, вели Милевски.

„Одиме понатаму и во недела ќе пробаме да се консолидираме. Моментот во кој период се играат овие четири меча е надвор од секоја логика, но не можам, а да не бидам задоволен до тие 50 минути“.

Милевски уште еднаш потенцираше дека главната цел на Македонија се квалификациите за ЕП 2024 година.

„Од почеток на моето доаѓање реков дека главна цел се евроквалификациите за Еуро 2024 во Германија. Сѐ што поминавме досега во тие седум меча во мундијалските квалификации, баражите, оваа Лига на нации, сѐ е во функција на тоа. Мора да имаме увид во реалниот потенцијал со што сѐ располагаме, да знаеме на кого и колку можеме да им сметаме во иднина“.


Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×