Димитриевски: Ако утре ја сочувам мрежата, ќе ја победиме Грузија

by
1 минути читање

Македонија утре од 20:45 ја пречекува Грузија во меч од третото коло во Лигата на нации. Доколку не го добиеме утрешниот натпревар, мисијата за првото место во групата ќе ни биде исклучително тешка.

Грузија под водство на Вили Сањол игра поофанзивно и постигнува повеќе голови, но Столе Димитриевски се надева дека ќе успее да ја сочува мрежата.

„Секогаш сум пресреќен кога играме дома и сосема е поинакво чувството од тоа кога гостуваме. Грузија е одлична селекција, а јас сакам полн стадион, сакам навивачите да ни дадат најголема поддршка, а со таа поддршка, со нашиот план и квалитет можеме да дојдеме до победа“, вели Димитриевски.

„Јас за секој меч се спремам да дадам максимум и да имам ‘чиста мрежа“. Тоа е мој принцип, а Грузија која е одлична селекција, од тој меч во Тбилиси доста напредуваше, дава доста голови, ама и ние можеме да дадеме многу голови, зашто создаваме шанси. Знам какви квалитети имаме и утре ако имаме ‘чиста мрежа’ ќе го добиеме мечот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×