Натпреварите на Македонија од утре ќе ги гледаме со македонски коментатор

by
1 минути читање

Македонските телевизии не можат да бидат конкурентни на Арена спорт на пазарот за ТВ-правата од преносите за големите спортски настани, па ниту една наша ТВ куќа не успеа да ги откупи натпреварите на Македонија во Лигата на нации.

Првите два меча ги гледавме со српски коментатор, но од утрешниот дуел со Грузија тоа ќе биде променето, барем за домашните натпревари за Македонија.

Натпреварот против Грузија кој утре се игра од 20:45 часот, како и дуелот во недела кој Македонија го игра против Гибралтар од 18 часот, ќе бидат коментирани од спортскиот новинар и коментатор Перо Момировски. 

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×