231
Македонија ја оствари целта и со три бода се враќа од гостувањето кај Гибралтар. Мечот се играше на вештачка трева, а тоа ги оневозможи македонските фудбалери да ја играат својата игра.
Капитенот Енис Барди беше стрелец на првиот гол во денешната победа од 2-0.
„Најважно беше да дојдеме тука и да победиме на овој меч. На вакви терени и услови, понекогаш е многу тешко да се мотивираш и да играш. Фала му на Бога победивме и се враќаме дома среќни“, вели Барди.
Фото: Петр Стојановски – ФФМ