395
Во финишот од
минатата сезона, Бобан Грнчаров го превзеде кормилото на Вардар на привремена
основа, заврши добра работа и покрај тоа што не беше обезбедена промоција во
прва лига, па „црвено-црните“ решија да го наградат со нов договор.
Попладнево,
најтрофејниот македонски тим соопшти дека Бобан Грнчаров се обврзал на
тригодишна соработка. Помошници во иднина ќе му бидат Златко Таневски и Един
Нурединоски, кој се враќа во вардаровото семејство.
Договорот на три
години го продолжи и спортскиот директор Александар Бајевски, кој активно работи
на засилувања за наредната сезона.
Фото: ФК Вардар