Македонија
попладнево гостува во Разград на стартот од новата сезона во Лигата на нации,
дуелот дополнително е во фокусот поради затетнатите односи помеѓу двете држави.
Првиот човек на
Славија Софија, Венцислав Стефанов синоќа излезе со прилично навредлива и
потценувашка изјава за Македонија и рече: „Која е бре таа С. Македонија!? Па
таа вчера стана држава, зошто тогаш ние би стравувале. Па ако стравуваме од
репрезентации како Македонија, Грузија и Гибралтар тогаш воопшто и да не играме
фудбал. Да си играме некои детски игри“.
Одговор утрово
стигна од Стефан Ристовки, кој поради повреда ќе го пропушти натпреварот.
Капитенот на „црвено-жолтите“ имаше урнебесна порака на социјалните мрежи.
