159
Екипата на
Сараево е пред пласман во големото финале од националниот куп на Босна и
Херцеговина откако денеска со 2-0 го совладаа Игман на свој терен во првиот меч
помеѓу обете екипи.
Нашиот
интернационалец Даниел Аврамовски го постигна водечкиот гол за домаќините во 28
минута, а со тоа 27 годишниот Македонец го постигна и својот дебитантски гол во
дресот на Сараево во шестиот настап за тој клуб.
Аврамовски одигра
72 минути на денешниот меч, по што беше заменет со Крсте Велкоски, кој мечот го
почна од клупата за резервни фудбалери.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.