Ѓорѓи Стојчев
повеќе не е шеф на стручниот штаб на Академија Пандев, откако тој самиот
потврди дека ја презема одговорноста за последните резултати на струмичкиот
прволигаш кому му преостанува грчевита битка до крајот на актуелната сезона за
излез во Европа.
Шаќири и Игњатов дебитираа со победи
„Благодарност
до Горан Пандев, Фк Академија Пандев. Со срце и душа работев од создавањето на
клубот па се до денес. После двата последни резултати одговорноста ја превземам
јас како тренер. Посакувам на клубот, играчите во иднина исполнување на
зацртаната цел и се надевам ФК Академија Пандев ќе игра во Европските
натпреварувања“ нагласи Стојчев во
својата објава на социјалните мрежи.
Академија Пандев
со 49 бода е на делба на третото место на табелата заедно со Македонија Ѓорче
Петров, второпласираната Шкендија има предност од два бода, а недостижен е
Шкупи на врвот со 62 бода.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.