Милионите на Њукасл не се доволни, Милан го договори трансферот на Свен Ботман

by
1 минути читање

Свен Ботман ќе
биде првото засилување на Милан за сезоната 2022/23, ова попладнево го пренесе
новинарот Скот Вилсон. Тој пренесе дека „росонерите“ му нанеле удар на Њукасл
на трансфер пазарот и договориле зделка со Лил вредна 33 милиони евра плус
бонуси.

Милан на
Холанѓанецот ќе му понуди петгодишна соработка и плата од 3,5 милиони евра по
сезона.

Новинарот Фабрицио
Романо пак пишува дека Милан е многу блиску до комплетирање на трансферот на
Свен Ботман, преговорите се во напредна фаза и зделката се „крчка“ со месеци.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×