Бразилецот е на удар на јавноста откако имаше уште една разочарувачка сезона, фановите на ПСЖ му упатија свирежи и навредливи зборови по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
„Секогаш сум велел дека Нејмар во репрезентацијата на Бразил, и покрај тоа што има одличен голгетерски скор, никогаш не бил одлучувачки. Во ерата на Нејмар, Бразил има еден триумф на Купот на Конфедерации и еден трофеј на Копа Америка, и тоа освоен тука во Бразил на домашен терен и Нејмар не играше поради повреда“ – вели поранешниот бразилски фудбалер Валтер Касагранде.
„Нејмар е во катастрофален момент, го критикуваат во Франција и останатиот дел од Европа. Мислам дека е детинест, разгален и без фокус“.
„Беше топ фудбалер кога се појави во Сантош, имаше голови и натпревари за паметење. Имаше одлични партии и во Барселона, но кога одбра да се преслеи во ПСЖ, неговата кариера заврши“.
„Имаше неколку повреди, знаеме дека се поврзани со социјалниот живот. Ги загуби експлозивноста и спринтот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.