Македонија утре
го игра најважниот меч во својата историја, на „Драгао“ се среќава со
Португалија и ќе се бори за настап на Светско првенство.
„Како и со
Италија, знаеме кој ја носи фаворитската улога на овој меч, знаеме која е
Португалија, со каков квалитет располага, нема потреба да ги набројувам сите
тие имиња кои играат. Но ние не сме тука дојдени како туристи. Напротив,
дојдовме да победиме!“ – рече селекторот Боби Милевски на прес конференцијата.
„Никој не
очекуваше дека ќе се најдеме во ова финале, но чекор по чекор го потврдивме
квалитетот и заслужено се бориме за место на СП 2022. Сатоа повторно имам само
една порака до фудбалерите – да уживаат, да излезат на терен и уште еднаш да го
покажат својот потенцијал и своето срце“.
Неизбежно беше и
прашањето за првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо.
„Кристијао е можеби
најдобар во светот години наназад, но тој не игра сам, играат уште десетмина.
Португалија не е само Роналдо, ќе треба да се концентрираме на тимот, а не на
поединци“.
„Фаворитот е
јасен, тоа е Португалија, и според рејтинг и според традиција, но Македонија не
случајно е тука“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.