Победата на
Македонија во Палермо одекна како бомба во светот на фудбалот, сите пишуваат за
големото изненадување на Боби Милевски и неговите избраници.
Шпанска Марка
реши да тера малку мајтап со „аѕурите“, и објави статија со наслов „Трагедија
на италијански се вика – Трајковски“.
Весникот
потсетува дека поранешниот фудбалер на Палермо по втор пат ја остава Италија
без настап на едно Светско првенство.
„Неговиот гол во
92. минута – го совлада Донарума со шут надвор од шеснаесетникот – ја запечати
победата на Македонија од 0-1 и ја осуди Италија втор пат во низа да гледа
Светско првенство на телевизија“ – пишува Марка.
Потоа Марка објаснува
како Александар Трајковски со голот во Торино во октомври 2017 и математички ја
отпишал Италија од првото место во групата, за „аѕурите“ потоа да го загубат
баражот со Шведска и за прв пат по 60 години да не обезбедат настап на
мундијал.