Македонските репрезентативци уште се во позитивен шок по вчерашната победа над Италија.
„Уште сме во позитивен шок, во еден момент сме свесни, во еден момент не за тоа што направивме вчера. Ова е еден неверојатен резултат! Среќни сме што успеавме да поминеме една таква репрезентација како Италија. Сега не ни останува ништо освен да продолжиме по овој пат. Знаевме против кого играме, со каков состав се соочуваме, стварно Италија поседува голем квалитет, но верувавме во себе од прва до последна минута, дадовме сѐ од себе на мечот и на крај фала му на Господ – нѐ награди!“, вели Милан Ристовски.
На ред е Португалија, последната пречка до остварување на сонот, пласман на Светско првенство.
„На 90 минути сме од меч кој не носи на најголемото натпреварување на светот. Сами се доведовме во ваква ситуација и сега не ни преостанува ништо друго, освен пак да дадеме сѐ од себе, да веруваме во себе како до сега и искрено верувам и се надевам на позитивен резултат. Видовме дека можеме, Италија има исти тип на играчи како Португалија, големи ѕвезди се тоа…Само верба во себе и се надевам повторно ќе ја израдуваме Макеоднија“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.