Трајковски: Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија (ФОТО)

by
1 минути читање

Македонија синоќа ја шокираше Италија, го шокираше светот откако го победи Европскиот шампион на негов терен.

Сите кои настапија се македонски херој, но честа да го нокаутира противникот ја имаше Александар Трајковски кој постигна фантастичен гол во 92. минута за победа на Македонија.

Тој на својот инстаграм профил по мечот објави два поста. На едниот напиша: Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија. A на другиот: Верувај во своите соништа и тие ќе ти се остварат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×