Јанчев до ФФМ: Дали вашите судии не знаат да судат или судат по нарачка? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Академија Пандев со гол во самиот финиш го победи Тиквеш во Кавадарци со 2-1. 

Во текот на мечот имаше еден спорен момент кога топката ја мина гол линијата, но судиите не покажаа кон центарот. Тиквеш беше оштетен за еден погодок.

По крајот на мечот, градоначалникот на Кавадарци и главен спонзор на Тиквеш, Митко Јанчев реагираше преку клупската страна.

„Пораз на нашиот тим Тиквеш во дуелот со Академија Пандев. Затоа што од страна на судиите не беше признат очигледниот чист гол на нашите момци. Целиот натпревар беше лошо суден. Ги прашуваме од ФФМ дали нивните судии не знаат да судат или можеби ,,судат по нарачка” и истовремено ги повикуваме да им се извинат на фудбалерите и навивачите на Тиквеш. Ваквите судии треба да се изземат од македонскиот фудбал, за да не го уништуваат фудбалот“, изјави Јанчев.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×