Министерот за здравство на Италија потврди: „Барбера“ со полн капацитет за дуелот со Македонија!

by
1 минути читање

Стадионите во Италија можат да бидат полни со 75 проценти од капацитетот поради пандемијата со ковид, но за мечот против Македонија тоа нема да важи.

Министерот за здравство на Италија, Роберто Сперанца потврди дека дуелот во Палермо ќе се игра пред полн стадион.

„Со оглед на моменталната епидемиолошка ситуација и важноста на настанот, мечот меѓу Италија и Македонија ќе се игра со 100 проценти од капацитетот на стадионот“, изјави Сперанца.

Италијаните не оставаат ништо на случајот, сакаат атмосферата во Палермо да биде жешка, а нивната репрезентација да има колку што е можно повеќе поддршка за тој меч.

Информациите велат дека до крајот на месецов, италијанската влада ќе донесе одлука сите стадиони во Серија А да можат да работат со полн капацитет.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×