Чурлинов го доби дуелот со Муслиу, Шалке ја продолжи битката за Бундеслигата, на Инглоштад му нема спас

by
1 минути читање

Резултатот беше 0-0 се до 55. минута ога Залазар даде гол за водство на Шалке, а потоа погодија и Тиав и Дрекслер за триумф од 3-0.

Македонските репрезентативци беа статери за своите тимови и останаа на теренот до последниот судиски свиреж.

Шалке на Чурлинов боди борба за враќање во Бундеслигата, во моментов е на 5. место, но со само четири бода помалку од првото. Првите две екипи одат директно во Бундеслигата, третиот игра бараж.

На Инглоштад на Муслиу му нема спас. Тимот е закован на последното место со дури 12 бода помалку од Дрезден кој е на позицијата која носи бараж за опстанок. До крајот има уште осум кола.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×