Македонија против
Италија ќе ги одмери силите во полуфиналниот натпревар од плејофот за пласман
на Светското првенство во Катар, а мечот е предвиден да се одигра на 24 март во
Палермо.
Судејќи според
зборовите на претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле
Гравина, се чини дека фаворитот повикува на претпазливост во сопствените
редови.
„Ваквиот тип
натпревари секогаш се тешки за играње, нема дилеми во тоа дека Италија е голем
фаворит, но тоа за нас ќе биде исклучително тежок натпревар, стравувам од
првиот натпревар против Македонија“ рече Гравина.
„Македонија има
квалитетна репрезентација, а тоа го докажа за добрите резултати изминатиот
период, нашите фудбалери ќе мора да бидат многу внимателни“ додаде тој.