Ван Дајк заедно со холандската репрезентација ќе игра на Светското првенство во Катар, фудбалерот на Ливерпул многу добро знае како е да се настапува на големите натпреварувања.
Кога слушнал дека холандската репрезентација за глуви фудбалери не може да отпатува во Бразил на Deaflympics (Олимпијада за глуви спортисти) затоа што нема доволно финансиски средства, одлучил тој да плати, да ги донира потребните средства за неговите сонародници да си го остварат својот сон.
„Дискутирав со мојата фамилија и среќни сме што можеме да помогнеме. Ги поддржуваме овие момци кои имаа одлични перформанси и од 21. место се искачија на 7. место на светското рангирање. Го почитувам начинот на кој овие момци го практикуваат нивниот спорт“, изјави Ван Дајк.
За дополнителна финансиска поддршка Ван Дајк го потпиша својот дрес од неделното финале на Лига Купот против Челси, со кој го крена пехарот и го даде на аукција. Дресот ќе го добие тој што ќе даде најмногу пари, а парите ќе отидат во националниот тим на Холандија за глуви фудбалери.