388
Од Хрватска
пристигнуваат мошне добри вести кои одат во прилог на нашата најдобра фудбалска
репрезентација во пресрет на плејоф рундата за пласман на Светското првенство.
Тамошните медиуми
известуваат дека 30 годишниот член на Динамо Загреб, Аријан Адеми за околу
десет денови е предвидено да се врати на терените, а со самото тоа фудбалерот
од средниот ред би бил на располагање за пресметката со Италија.
Адеми ги пропушти
последните два меча на Динамо Загреб откако се здоби со повреда, и тоа од
неговиот соиграч Јосип Мишиќ.
Фото-вест:
ffm.mk (архива)