Според информациите на „Спорт 1“, Вардар треба да добие сериозна финансиска инекција, во клубот влегува „Туркиш Ерлајнс“ кој ќе има обврска годишно да вложува по најмалку еден милион евра во наредните десет години.
Раководството на Вардар е во Истанбул каде се водат завршните преговори со турската компанија.
Претходно Вардар се поврзуваше со катарската авиокомпанија „Катар Ервејс“, но ништо не испадна од тој договор.
Вардар се обидува експресно да се врати во Првата лига, но резултатите на терен не се онакви какви што посакуваат вардаровите фанови. Тимот е на третата позиција со пет бода помалку од второпласираната Воска која засега е на местото кое води во бараж. Прв е Силекс кој има дури 12 бодови повеќе од Вардар.