Вардар не го почна пролетниот дел од сезоната онака како што посакуваше. По ремито против Охрид на „Билјанини извори“ клубот информира дека казнува двајца свои фудбалери поради прекршување на дисциплината.
Клубот не спомена имиња, но неофицијално се дознава дека играчите се Филип Петкоски и Трајче Стојкоски.
„Фудбалскиот клуб Вардар сака да ја информира јавноста дека е поведена дисциплинска постапка против двајца фудбалери од првиот тим поради прекршување на дисциплинскиот статут на клубот пред последниот одигран натпревар на гостувањето во Охрид.
Фудбалерите се парично казнети со 3 месечни плати и во следните 15 денови ќе тренираат со младинските категории“, стои во соопштението на Вардар.
Фото: ФК Вардар