Екипата на Шалке
04 извојува мошне важна победа од 2-0 на свој терен против Падерборн во
петокот, а погодокот со кој домаќинот ја потврди победата го постигна токму
нашиот Дарко Чурлинов.
Чурлинов во 74
минута од мечот ги постави конечните 2-0, а четири минути потоа беше повлечен
од игра, а за одличните перформанси кои ги прикажа доби големо признание со тоа
што се најде во тимот на колото во втората Бундеслига.
Чурлинов на 13
меча сезонава за Шалке 04 успеа да постигне два гола, а има и една асистенција.
Шалке 04 во
моментов се наоѓа на петото место на табелата во втората Бундеслига, со два
бода заостанување зад лидерот Вердер, односно по бод заостанување од Хамбургер,
Дармштад и Сент Паули.