175
Ал Ахли и Ал Феиха
ремизираа со 1-1 во рамките на 21 коло од најсилната фудбалска дивизија во
Саудиска Арабија, а во обата тима имаше по еден наш интернационалец, од кои едниот
не доби прилика за настап, па мечот го проследи од клупата за резерви.
Езгјан Алиоски ги
одигра сите 90 минути во таборот на домаќините, а во финишот од средбата успеа
да реализира од белата точка и да донесе израмнување на мечот, односно
избегнување на пораз на неговиот тим.
Во гостинскиот
табор се најде Александар Трајковски, но тој не доби прилика за настап.